17
мар
2014
Крофни со кора од лимон
Се става квасецот во млако млеко и малку шеќер и му се додава 1 лажица брашно.
Потоа квасецот му се додава на брашното, се додаваат маслото ванилата, солта, кората од лимон, преостанатиот шеќер, јајцата и се меси средно меко тесто и се остава да стаса.
Откако ќе стаса се сучи кора дебелина 1 см и се сечат кругови со чаша и помали кругови насредина со помала чаша.
Се оставаат и тие да стасаат и се пржат во загреано масло и се украсуваат со чоколаден прелив и шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани