Брза палента кашичка за најмалите
Пред се здраво на сите и голема благодарност до креаторите на оваа прекрасна “кујна“ каде што можат да се соберат толку домаќинки кои што искрено и со многу иновативни идеи можат да споделуваат и уживаат во разноразни рецепти...
Се надевам дека и јас ќе се вклопам и дека и моите рецепти некому ке се допаднат
Па да започнам со мојот толку едноставен и брз рецепт кој што случајно го “измислив“ за мојата ќеркичка која и до ден денес не знае дека јади варено јајце маскирано во палента хехе
Значи најпрво подготвуваме тврдо варено јајце и го рендаме на ситната страна од рендето во еден мал сад и во него ја додаваме зденката (или ситно изрендан кашкавал или сирење) и мешаме убаво за сето тоа да се соедини
Потоа ја ставаме водата на оган заедно со половина лажиче масло (по можност маслиново) и прстофат сол да зоврие
Откако ке зоврие во неа ја додаваме палентата постојано мешајќи и вариме додека не ја добиеме потребната густина ...притоа можите да го поклопите садот во кој ја варите палентата бидејќи може малку да прска
Откако палентата е готова веднаш ја тураме над јајцето и мешаме додека се не се соедини
И еве вака имате експресно брза здрава кашичка за слатките мешиња на малите бебиња и дечиња која што секако може да си ја каснете и вие бидејќи навистина е многу вкусна
Совет- од вака приготвена палента можете да си направите и декоративни бомбици и да ги свалате во сусам ,зачини или што ви душа сака ...се разбира за таа цел ке ви биде потребно да ги зголемите состојките...на здравје
Лиценца: Сите права се задржани
inaku da so slast si ja jade , iako ne jadi vareno jajce :)
ponakogas pravam dupla doza i dvete njam njam si krkame :))))))))))
Ме потсети на варијанта која јас ја правев за да ми јадат јајца маливе, имено во пасирана банана пасирав жолчка прво, а потоа и белка (кога почнаа да јадат), а на сето тоа понекој пат и кисело млеко. Максимално маскирање, а особено вкусно!
da teofanija bas taka maksimalno maskiranje hehehe