Детска кашичка со гриз и цреши
Еве една кашичка за деца од 8 месеци па нагоре, лесна и брза за подготовка, која ја направив спонтано за едно мало гостинче (бебуле).
Гризот се вари со водата неколку минути цело време мешајќи до згуснување.
Се става шеќерот да се стопи и се остава да се излади.
Гризовата каша се става во блендер заедно со претходно исчистените и измиени цреши. Се блендира заедно добивајќи мазна кашичка.
Гризот може да се дава од оваа возраст, но бидејќи содржи глутен треба да се внимава случајно на некаква алергена реакција на детето. Гризот може да се замени со интегрален ориз.
Благо киселкастиот вкус на црешите се совпаѓа со вкусот на гризот, и битно бебулето лапкаше и не се мрштеше.
Лиценца: Сите права се задржани