Брза палента кашичка за најмалите

Состојки
- 200 гр вода
 - 40 гр палента (доколку сметате дека не ви е доволно густо додадете повеќе палента)
 - 1 тврдо варено јајце (по можност селско-здраво и природно хехе )
 - 1 зденка (може и кашкавал или сирење како ви е поубаво)
 
Подготовка
Пред се здраво на сите и голема благодарност до креаторите на оваа прекрасна “кујна“ каде што можат да се соберат толку домаќинки кои што искрено и со многу иновативни идеи можат да споделуваат и уживаат во разноразни рецепти...
 Се надевам дека и јас ќе се вклопам и дека и моите рецепти некому ке се допаднат
 Па да започнам со мојот толку едноставен и брз рецепт кој што случајно го “измислив“ за мојата ќеркичка која и до ден денес не знае дека јади варено јајце маскирано во палента хехе
Значи најпрво подготвуваме тврдо варено јајце и го рендаме на ситната страна од рендето во еден мал сад и во него ја додаваме зденката (или ситно изрендан кашкавал или сирење) и мешаме убаво за сето тоа да се соедини
 Потоа ја ставаме водата на оган заедно со половина лажиче масло (по можност маслиново) и прстофат сол да зоврие
 Откако ке зоврие во неа ја додаваме палентата постојано мешајќи и вариме додека не ја добиеме потребната густина ...притоа можите да го поклопите садот во кој ја варите палентата бидејќи може малку да прска
 Откако палентата е готова веднаш ја тураме над јајцето и мешаме додека се не се соедини
 И еве вака имате експресно брза здрава кашичка за слатките мешиња на малите бебиња и дечиња која што секако може да си ја каснете и вие бидејќи навистина е многу вкусна
 Совет- од вака приготвена палента можете да си направите и декоративни бомбици и да ги свалате во сусам ,зачини или што ви душа сака ...се разбира за таа цел ке ви биде потребно да ги зголемите состојките...на здравје