Брза гибаница
Ова е едноставна гибаница која се прави многу брзо и се штеди во време.
1. Најпрво се зема плех од шпорет кој се премачкува со масло и се ставаат 3 цели кори како подлога за гибаницата. Се попрскуваат корите со масло.
2. Прелив- Во длабок сад се матат јајцата се додава јогуртот, млекото, маслото и пецивото.
3. Се зема една кора се расфрлува врз неа од филот -сирење и се набира кората се реди во плех. Потоа се прави исто така и со наредните кори. Значи на една кора се става фил се набира и се реди во плех. Ако остане од сирењето се расфрлува насекаде. Потоа се додава со кутлача од преливот, кој се истура врз гибаницата. Се остава да одмори-додека се загрее рерната на 200С е се пече 35 мин.
Лиценца: Сите права се задржани