Децава ми беа воодушевени од колачов. Значи ќе се повтори...Уживајте и вие...

Подготовка
Путерот оставен на собна температура го матиме пенасто заедно со шеќерите, па ги додаваме едно по едно јајцата. Брашното и какаото ги соединуваме, па просеани ги додаваме кон смесата. Додаваме прстофат сол и половина од сечканата чоколада. Соединуваме, целата смеса ја истураме во силиконски калап. Одозгора ја додаваме останатата половина од сечканата чоколада. Печеме околу 15-20 минути.

Забелешка
Ако немате силиконски калап, подмачкајте и набрашнете го тој во кој ќе го печете овој вкусен браунис.