Испечати

Браунис со чоколадо со кикирики и суво грозје

Браунис со чоколадо со кикирики и суво грозје

Состојки

  • 120 гр путер
  • 150 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 100 гр брашно
  • 50 гр какао
  • 2 ванилин шеќери
  • Прстофат сол
  • 100 гр чоколадо со кикирики и суво грозје

Подготовка

Децава ми беа воодушевени од колачов. Значи ќе се повтори...Уживајте и вие...

Подготовка
Путерот оставен на собна температура го матиме пенасто заедно со шеќерите, па ги додаваме едно по едно јајцата. Брашното и какаото ги соединуваме, па просеани ги додаваме кон смесата. Додаваме прстофат сол и половина од сечканата чоколада. Соединуваме, целата смеса ја истураме во силиконски калап. Одозгора ја додаваме останатата половина од сечканата чоколада. Печеме околу 15-20 минути.

Забелешка
Ако немате силиконски калап, подмачкајте и набрашнете го тој во кој ќе го печете овој вкусен браунис.