Босански јаболка
Незнам како го добиле името, но знам дека е интересен рецепт.
Подготовка:
1. Јаболката измијте ги и извадете им ја средината (рачката и семките)
2. Во друг сад помешајте ги сувото грозје, ракијата и ѓумбирот. Наполнете ги шуплините на јаболката, тие во средината. Додајте им по едно мало парче маргарин врз секое јаболко.
3. Ставете ги на алуфолија и печете ги 20 минути. По 20минути извадете ги од рерна ( јас ги печев во апаратот на топол воздух ), и додајте им малку од преостанатата ракија. Фламбирајте ги. Јас немав апаратче за фламбирање, па пробав со запалка.
Пред сервирање наросив повторно ѓумбир во прав.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови