19
ное
2013
Бомбици со кора од портокал
Лешниците се соединуваат со исецканиот кандиран ананас. Во нив се додава изренданата кора од еден портокал и се додава и медот. Сето тоа убаво се меша. Од добиената смеса се прават бомбици, за да не ви се лепат на рака. Рацете се навлажнуваат со вода. Потоа бомбиците се ставаат во фрижидер да се стегнат.
Чоколадото се растопува и со помош на едната рака се валкаат бомбиците, а потоа се ставаат во мелените лешници и се валкаат во нив.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови