Пред почетокот на рецептата
Го вариме пилешкото место во посолена вода
Го вариме јајцето
Ја растопуваме пилешката коцка со кутлачка вода на оган

Во загреано масло го пропржуваме кромитчето.
Додаваме исцепкано пилешко месо (претходно сварено )
Додаваме кутлачка од сварената пилешка коцка.
оставаме да покрчка додека не испари водичката па посолуваме и наросуваме бибер.
Тавата ја тргаме од оган па додаваме ситно сецкан магдонос, мајчина душица и ситно сецканото варено јајце.
Го додаваме сувото грозје.
Промешуваме и ставаме на страна.
Одиме со подготовка на пирето.
Компирот лупен го ставаме да се вари.
Штом е готов го вадиме на страна ја цедиме водата и додаваме путерпа жолчката од јајцето.
Мешаме со миксер.
Со лажица земаме од пирето и ставаме на набрашнета маса.
Растапкуваме со раката и во средината ставаме од филот.
Полека со набрашнети раце земаме од питето и завиткуваме бомбици.
Убаво ги валкаме во брашно и ги редиме на набрашнета порцеланска чинија.
Маслото го загреваме.
Пуштаме од бомбиците да се пржат.
Штом ќе заруменат ги вадиме на чинија обложена со хартија, да ја прими мрснотијата.
Декорирајте по своја желба и уживајте во овој прекрасен вкус.

Забелешка
Нежно превтрувајте ги бомбиците во маслото, затоа што сепак е пире и е меко. Пополека отсечно вртете со лажица за да не ја изгубат формата.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови