11
ное
2019
Солени бомбици со крекери, компир и јајце
Компирите и јајцето сварете ги.
Крекерите изблендирајте ги во блендер.
Компирите, јајцето и шунката изрендајте, додајте сирење и од мелените крекери ставете 4 лажици, посолете додајте црн пипер и сув зеленчук. Сусамот и оревите малку подпечете и додајте ги. Се промешајте. Додајте го мајонезот, само внимавајте да не биде многу течна смесата.
Од смесата направете бомбици и извалкајте ги во останатите мелени крекери.
Добар апетит!