Брзи солени крекери
Подготовка
1. Маргаринот го вадиме од фрижидер да омекне и во него го ставаме загреаното млеко. Кимот и ленот предходно мелени ги додаваме во смесата заедно со солта квасецот, зејтинот. Полека го додаваме брашното и замесуваме средно меко тесто оставаме да стаса петнаесетина минути.
2. Тестото го развлекуваме со дебелина 2-3мм со разни калапи правиме форми, дел од тестото го премачкуваме со кечап и посолуваме со оригано. Некои ги посолуваме со сусам, а некои со мак сечеме правоаголни форми и ги врткаме.
За формите одлучете како вам ви се најсимпатични......редиме во плех од шпорет.
3. Печеме во загреана релна на 180степени 20-25минути.
Забелешка
Немате потреба од никакво премачкување на тестото со јајце за да ви се залепи сусамот или макот само посолете и притиснете со оклагијата и вадете форми со калапчињата. За конзумација под ОБАВЕЗНО е добро друштво и повеќе пиво.
Добар апетит!!
Лиценца: Сите права се задржани