Подготовка

1. Измешајте ги сите состојки за тестото во подлабок сад. Формирајте тесто и измесете го. Оставете го да стасува покриено 1-2 часа.
2. Сите состојки за филот додајте ги во тенџере. Оставете да врие 5-10 минути (додека сувото овошје да ја прими течноста и да омекне). Оставете да се олади 15тина минути.
3. Обработете ги состојките за филот во блендер или процесор додека да добиете паста. Доколку е премногу густо, додајте мала количина вода. Смесата треба да може да се размачкува.
4. Тестото расукајте го на набрашнета површина во правоаголна кора. Дебелината треба да биде околу 5мм. Премачкајте ја кората со филот, а потоа завиткајте ролат. Пресечете го ролатот на половина по должина. Потоа преплетете ги двата дела.
5. Пренесете во калап за печење леб или на плех обложен со хартија за печење. Покријте го и оставете да стасува уште околу 1 час.
6. Печете во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути. Додека се пече, подгответе го преливот. Шеќерот и водата загревајте ги на оган додека да се растопи шеќерот. Штом ќе го извадите печениот колач од рерна премачкајте и попрскајте со преливот. Оставете да се олади и декорирајте по желба. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани