Пред некоја година хит беа солените Купус кифлички, па си реков, зошто да не направам и благи, да си бидат онака во пар. Си се помислив, што, како и добив преубави благи кифлички, како еден вид на Путерки
Толку им се допаднаа на дегустаторите што ги снема за миг. Морав веднаш да ги повторам, истиот ден. Топло ви ги препорачувам.

Медот се раствора во топлото млеко. Се замесува средно меко тесто и се остава да го дуплира волуменот.
Го спремаме филот на тој начин што пенасто го матиме маргаринот со шеќерот и ванилата..
Потоа надојденото тесто се дели на 3 дела. Во едниот се додава 1 лажица просеано какао. Се прават 3 топки од кои се отвораат 3 кори, како на сликите, така што кафеавата да дојди в средина.Секоја се премачкува со фил, се става суво грозје и се редат една врз друга. Се витка ролат и се сечат парчиња (триаголни, со сто гледаме врвот да не е многу тесен).
Се киснат 30 мин.,се премачкуваат со благо разматена белка, па се печат во загреана рерна и тоа 10 мин. на 220 Ц. степени и 10мин. на 200Ц. степени.
После печење завиткајте ѓи во памучна крпа и најлонска ќеса, да омекнат (или да одат кај мајка им, што би рекле)..Наросете со шеќер во прав и и и уживајте!!!! На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани