Бело-црвена убавица
Измислена, но декоративна и вкусна убавица.
Најпрво се крои листот обланда, според димензиите на триаголникот.
Потребни се 2 странични парчиња и едно за капак.
Кај мене димензиите беа по околу 5 -6 цм.
Сега во тенџере на оган се ставаат водата и шеќерот да провријаат 1 минута. Се додава и маргаринот и ванилата.
Врие 1-2 минути.
Се трга од оган и се додава просеаното млеко во прав.
Се мати со миксер неколку секунди, колку смесата да се соедини.
Веднаш се додава брусницата, се промешува и уште топла смесата се истура во обложениот триаголник.
Се става капакот од обланда се притиска со некој тежок предмет и така стои 4-5 часа да се стегни и излади.
Се сечи на парчиња.
Совет- истурете ја смесата во калапот додека е топла, бидејки брзо се стегнува.
Лиценца: Сите права се задржани