Епа драги мои пријателки повелете на еден едноставен вкусен рецепт се надевам дека ќе ви се допадне во овие престојни жешки денови. Тортава произлезе од еден коментар на моја драга пријателка дека сите мои торти биле премногу комплицирани, затоа повелете на една брзинска непечена торта. Подготовкате е повеќе од едноставна, а оди вака...

Кремот и киселото млеко измешајте го во сад за матење рачно со маталка. Во оваа смеса ставете ги кршените бисквити со шпатула убаво промешајте. Оставете ја смесата во фрижидер половина час па формирајте торта-ролат по желба.
Украсете со слатка павлака или шлаг пена по желба.

Забелешка
Во бисквитите може да си додадете и овошје како што се јагоди, банана или некое др.сезонско овошје, може овошје од конзерва многу добар шмек ќе даде и ананасот.
Јас се одлучив за округла форма вие може да направите ролат, па наместо шлаг или слатка павлака стопете чоколада и прелите. Ќе нагласам дека оваа торта е исклучително блага од кремот и бисквитите затоа не мора додатно да го блажите шлагот или слатката павлака. Со количината на бисквитите калкулирав затоа што составот на бисквити не е ист ќе мора сами да си одредите колку е доста и да дојдете до посакуваната цврстина а тоа е едноставно( формирајте ја тортата да не се разлева).Пред послужување добро изладете...на здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани