Бели ледени коцки со банани
Рецетот е од моја драга пријателка Светлана. Убав едноставен колач со кој си добив преубави коментари од домашните.
Подготовка.
1. На почеток ги оделуваме белките од жолчките. Белките ги матиме во густа пена на крај им го додаваме шеќерот и повторно матиме. На оваа смеса го додаваме брашното и пецивото мешаме со шпатула, смесата ја сипуваме во подмачкана мала ростер тава. Печеме на 200степено 25мин.или додека не добие убава жолта боја.
2. Млекото го загреваме заедно со шеќерот и ја попаруваме врелата кора.
3. Во 300мл.од млекото ги мешаме жолчките, ванилата, брашното и густинот смесата ја сипуваме во осатокот од зовриеното млеко и добиваме густ крем. Од како кремот ќе ни се излади го соединуваме заедно со шеќерот во прав и путерот(маргаринот).
4. Врз кората нанесуваме пола фил, посолуваме какао редиме сецкани банани повторно посолуваме какао и на крај го сипуваме остатокот од филот.
Забелешка
Доколку саката можете врз филот да нанесете слатка павлака или шлаг. Јас во моментот немав затоа посолив кокос кој супер се вклопи.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани