Ајде да го споделам и денешниот ручек со вас......

1. Го ставаме месото малку да се обари, во посолена вода.
( вода додаваме колку да го покрие мевцето. )
2. Оставаме настрана да се вари на тивко, со затворен капак.
3. Динствуваното мевце, е спремно за запржување, кога водата му е скоро испарена и додаваме масло.
4. Зачинуваме и пропржуваме. Додаваме и малку босилек.

(Јас многу го сакам и обично го користам при подготовка на зеленчуковите супи, во риба и во тестенини.....)

5. Се обаруваат безељето, морковот и ситно сецканиот компир.

(Компирот пошто е ситно сецкан, лупен,  ќе се свари доволно за да остане цел да не се раскашавува. )
6. Го вадиме мевцето на стана и во истоото масло го пржиме ситно сецканиот кромид.
7. Откако ќе омекне и добие некоја прозирна боја, се додаваат претходно обарените зеленчуци и бамјите. Пропржуваме уште малку да добијат на вкус зеленчуците.

8. Се сервира по желба.

Во мојот дом го сакаат топло, па затоа на чиниите не им треба миење воопшто.
На фотографијата ќе забележте и некое необарено зрнце, но тоа е колку да ја направам пошарена фотографијата, а искрено и воопшто не ни смета ако безељето не е варено, туку само одмрзнато хахха...

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови