Кога бев дете го обожавав мирисот на овие кифлички што баба ги правеше едноставно, а прекрасно се топи во уста.
Сега кога јас основав мое семејство со задоволство ги правам ама додека се свртиш ги снемува -)
Јајцата се матат со 200гр шеќер и во нив се додава млекото, квасецот, свинската маст и брашно. По желба може да се додаде и рендана кора од лимон, јас кога имам ставам.
Се остава да сташе. Подоцна се размесува и на работна површина ставаме шеќер измешан со (афион,сусам или ореви) јас обично правам три врсти.
Се зема парче тесто се валка низ раце и така врз смесата со шеќер виткаме кифлички.
Се редат во подмачкан плех и се оставаат уште 15 мин да појдат.
Се пече на 200 ц околу 20 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови