Со модлите исечете ја готовата кора за подлога. Јас користев кршени, па составував мозаик и убаво ги набивав. Овде можи да употребите и домашна тенка испечена кора, секако спрема моментот и условите. Чоколадната глазура истопете ја и прелијте ја во тенок слој врз кората. Доколку немате готова чоколадна глазура и стопено чоколадо за готвење ќе заврши работа, со предлог да го измешате со слатка павлака за да не отскокнува цврстината кога ќе се здрви. Јаготките со шеќерот и водата ставете ги 10на минути да варат и убаво да ја испуштат својата миризба и сокови. Потоа испасирајте ги со вилушка и додадете го згуснувачот растворен предходно со ладна вода. Тргнете на страна и оставете да се лади. Кајмакот, кокосовиот крем (кој можи да го замените со кокосово масло) и шеќерот во прав убаво изматете ги. Посебно изматете ја слатката павлака во која ќе го додадете шлаг фиксот и потоа измешајте се заедно. Ако немате шлаг фикс, слободно можи да употребите 1 пакетче желатин спрема упатството. Поделете ја белата смеса со кајмакот на 2 нееднакви дела, така што во поголемиот ќе го додадете изладениот гел од јаготки кој само малку ќе го измешате (да дојди во мермерни нијанси), а другиот ќе го оставите бел. Врз здрвената чоколадна глазура ставете од делот со јаготките, а над него ставете помал слој од белот фил колку убаво да го прекрие. Желето од јагоди спремете го спрема упатството, но со таа разлика што ќе додадете 2/3 вода од препорачаната. Украсете одозгора со парчина јаготка и прелијте го желето да прекрие. Оставете во фрижидер убаво да се стегне, па извадете ги тортичките од модлите. Наместо желе од јагоди, можи да употребите прелив за торти. Најчесто јас го среќавам безбоен, па ако сакате во боја можи да го избоите со црвена прехрамбена боја.