Афион коцки
(најубави, највкусни, единствени, прекрасни хахаха се шалам само афион коцки се-така напишете ги)))
Фин спој на ароми и состојки во кој нема брашно. Колач, кој успешно ќе го направат и почетници, а така личен и вкусен. Ќе го засакаат дури и оние кои се скептични кон афионовото семе.
Најпрво, изматете ги белките со зрно сол во цврст шам. Многу е битно јајцата кога пенасто ги матите да се на собна температура.
Потоа, изматете ги посебно жолчките со шеќерот, па додадете го маргаринот, кој исто така треба да има собна температура и румот.
Додадете го афионот, мелените бисквити, ренданата кора од портокал и екстрактот и мешајте со лажица или шпатула. Откако добро ќе измешате, додајте го снегот од белки мешајќи од долу на горе за да се задржи волуменот, додека се убаво не се соедини.
Печете на 150 степени околу 30 мин., па проверете со чепкалка.
Мармаладот и румот ставете ги на тивок оган. Мешајте додека мармаладот не стане течен за да можи полесно и порамномерно да се премачкува. Внимавајте да не проврие.
Со овој прелив премачкајте го колачот, а одозгора нарендајте го чоколадото. Оставете убаво да се излади и исечете го на коцки и уживајте во прекрасниот вкус.
Забелешка
Јас ставив некаде 225гр шеќер и пак беше солидно благ во спој со мамрмаладот. Ако сакате да не ви е толку благ, намалете го шеќерот, по моја сугестија ставете дури и 200 гр, а кој сака послатко не мора )))
По грешка место рум во составот ставив мартини, а потоа увидов кога го зедов шишето со рум за мешање со мармаладот. И со мартини се одлични хехе (само ставете рум со мармалатчето, сепак румот со портокалот, па и бисквитите се фантастична комбинација и го прават овој колач таков каков што е).
Лиценца: Сите права се задржани
Лудо коцкав, ама 5ка добив и тоа од професионалец ;) ...Ама Јуле, сакам на раче а Лудо ќе ми доцрта и еден бумбар, оти не сакам пеперутки :) (а бумбари пак ич) :)))