Во сад ставете ги млекото, водата, маслото, јајцата, солта и со брашното се замесува тесто.
Тестото се дели на 10 топки. Се зама една топка и се дели на 4 топчиња. Секое топче се расукува во мала кора, се редат една над друга, а имеѓу нив се става нишесте. Се сучи голема тенка кора. Кората се прска со масло. Од горната страна се превиткува до повеќе од половина и превитканиот дел се прска со масло. Се превиткува од долниот дел до повеќе од половината да изгледа како правоаголник и повторно се прска со масло.
Така оформена како правоаголник се превиткува од десната страна некаде до половината да излезе квадрат, се прска со масло, се става сирењето и се поклопува од левата страна. Се прска со масло и повторно се превиткуваат краевите да излезе како плик.
Истата постапка се повторува со останатите 9 топки.
Се редат на намрсен плех, се прскаат со масло и се печат во претходно загреана рерна на 180-200 степени околу 25-30 мин.
Печени се сечат дијагонално и излегуваат 40 триаголници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани