Џимиринки од соја
1. Во тенџере се става водата со вегетата, црниот пипер, коријандерот и ловорот и се остава да проврие. Се додава сојата и се остава да се вари 15 минути на среден оган. Се цедат, се истиснува водата со прсти и се ставаат на кујнска хартија да се засушат.
2. Во тефлон или Делимано тава се става маслиновото масло и кога ќе се загрее се ставаат парченцата соја. Се пржат со спостојано мешање. Се посолуваат со сол, црн и црвен пипер.
Овие чварки или џимиринки, ги најдов на еден сајт и од тогаш штом ми се пријадат џимиринки, си правам од нив. Многу се вкусни и баш наликуваат на свинските, само што не се мрсни. Топло ви ги препорачувам.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
i jas kako tebe Klara:)
sekoja cest za receptov ama i jas sum za ovie na slikava