Прво со помош на Нутрибулет ги мелиме џимиринките.
Во вангличка ги ставаме јајцето, солта, џимиринките и јогуртот.
Промешуваме.
Потоа во еден сад ги соединуваме брашното, пецивото и содата.
Замесуваме тесто, мазно и нелепливо.
Одма сучиме кора танка околу 3-5 мм.
Со помош на алатка ја сечеме на стапчиња.
Одозгора премачкуваме со изматено јајце и наросуваме сусам.
Ги редиме стапчињата во ненамастена тава.
Ги печиме по околу 15 минути на 180 с.
Оставме малку да се изладат, па ги послужуваме овие вкусни, солени грицки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани