Ќофтиња од рерна
За промена, топло ви ги препорачувам :))
1.Месото се зачинува со наведените состојки и се обликуваат 6 ќофтиња. Се редат во намрсен огноотпорен сад. Им се прави вдлабнатинка и се полнат со фил.
2.За филот се пропржува кромидот со малку сол, па му се додаваат печурките, се пржат. Се додаваат зачините. Се трга од оган, малку да подолади и се додава павлаката. Се полнат со фил, им се става сецканиот кашкавал. Се покриваат и одат во загреана рерна околу 50 мин. на 200.
3.Штом се готови ги вадам во капакот од огноотпорниот сад, за да не го впијат мрсното што го пуштиле.
За прилог ориз тава.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани