Испечати

Ќофтиња од рерна

Ќофтиња од рерна

Состојки

  • За ќофтињата
  • 700 гр. мешано мелено месо
  • 1 јајце
  • по вкус сол, мешан сув зеленчук, мелен црн бибер, буковец
  • малку пециво
  • За фил
  • 1/2 главица кромид
  • 200 гр. свежи шампињони
  • 3 лажици кисела павлака
  • 200 гр. сецкан кашкавал
  • по вкус масло, сол, мешан сув зеленчук, мелен црн бибер

Подготовка

За промена, топло ви ги препорачувам :))

1.Месото се зачинува со наведените состојки и се обликуваат 6 ќофтиња. Се редат во намрсен огноотпорен сад. Им се прави вдлабнатинка и се полнат со фил.

2.За филот се пропржува кромидот со малку сол, па му се додаваат печурките, се пржат. Се додаваат зачините. Се трга од оган, малку да подолади и се додава павлаката. Се полнат со фил, им се става сецканиот кашкавал. Се покриваат и одат во загреана рерна околу 50 мин. на 200.

3.Штом се готови ги вадам во капакот од огноотпорниот сад, за да не го впијат мрсното што го пуштиле.
За прилог ориз тава.
На здравје!