4
фев
2020
Ќофтиња со компир и мелено месо (рецепт од мојата баба)
По овој рецепт јас секогаш правам ќофтиња. Рецептот го научив од мојата баба. Ќофтињата испаѓаат сочни и вкусни.
Лебот натопете го во млеко.
Во меленото месо изрендајте кромид, лук и компир. Лебот исцедете го и додајте го во меленото месо, додајте јајце, сол, бибер и сув зеленчук. Се' убаво промешајте.
Од смесата со натопени раци формирајте ќофтиња. Големина по желба.
Пржете ги ќофтињата во загрен зејтин. Извадете ги на хартија да впијат мрсно. Сервирајте со гарнир по желба.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани