ПОДГОТОВКА НА ЌОФТИЊА

1. Во длабок сад се соединуваат меленото месо, варениот ориз, ренданиот кромид, презлата, ситно сецканата сува пиперка.

2. Се зачинува со вегета и мелен црн бибер.

3. Од добиената смеса со намрснати раце се формираат ќофтиња кои се пржат во загреано масло.

4. Испржените ќофтиња се вадат на кујнска хартија за да се впие мрснотијата.

ПОДГОТОВКА НА САЛСА ОД ТИКВИЦА

1. Во тава на оган се става малку масло во кое се додава чеснето лук и кромидот исечен на тенки кругови.

2. Откако ќе се пропржат се додава тиквицата изрендана на тенки листови

3. Се зачинува, се додава презлата и се остава тиквицата да се пропржи.

4. Сосема на крај од пржењето се додава неутралната павлака.

Спремно за сервирање!!!.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови