Испечати

Ќофтиња од мелено месо и ориз со салса од тиквица

Ќофтиња од мелено месо и ориз со салса од тиквица

Состојки

  • ЌОФТИЊА
  • 300гр. мелено месо
  • 100 гр. варен ориз
  • 1 главица кромид
  • 3 лажици презла
  • 1 сува пиперка
  • 1 лажица вегета
  • малку црн бибер
  • САЛСА ОД ТИКВИЦА
  • 1 тиквица
  • 1/2 главица кромид
  • 1 чесне лук
  • 2 лажици презла
  • 250 мл. неутрална павлака
  • малку масло, сол, црн бибер

Подготовка

ПОДГОТОВКА НА ЌОФТИЊА

1. Во длабок сад се соединуваат меленото месо, варениот ориз, ренданиот кромид, презлата, ситно сецканата сува пиперка.

2. Се зачинува со вегета и мелен црн бибер.

3. Од добиената смеса со намрснати раце се формираат ќофтиња кои се пржат во загреано масло.

4. Испржените ќофтиња се вадат на кујнска хартија за да се впие мрснотијата.

ПОДГОТОВКА НА САЛСА ОД ТИКВИЦА

1. Во тава на оган се става малку масло во кое се додава чеснето лук и кромидот исечен на тенки кругови.

2. Откако ќе се пропржат се додава тиквицата изрендана на тенки листови

3. Се зачинува, се додава презлата и се остава тиквицата да се пропржи.

4. Сосема на крај од пржењето се додава неутралната павлака.

Спремно за сервирање!!!.