Мирисен и вкусен, пикантен ручек, вистинска гозба за хронери, се разбира со додаток салата.

Подготовка
1. Меленото месо го зачинуваме по вкус, кромидот го рендаме, лукчето го сечкаме, белката ја додаваме. Сето ова го соединуваме и правиме мали топчиња или форми на ќофтиња. Ги пржиме во тава на загреано масло/маст или пак ги печеме на тава со малку масло.
2. За сосот кромидот го сечкаме на ситно и го упржуваме на маст/масло до застаклување.
3. Ги додаваме пелатите исечкани на парчиња.
4. Вариме/упржуваме да испари малку течноста и се згусне малку сосот, а ги додаваме и зачините по вкус и желба.
5. При крај на варењето ги додаваме пржените ќофтиња.

Уживајте во пркрасниов хроно ручек!

Забелешка
Инаку да ви кажам ова ми беше еден од првите хронерски ручеци. Следно кога ги правев ќофтињата научив дека се поубави кога се печени во рерна. Затоа имајте го и ова во предвид кога ќе го правите ручекот.
Во хроно исхраната додавате мешан сув зачин кој е дозволен, а можете и сами да си го направите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани