Испечати

Ќофте во сос од пелати

Ќофте во сос од пелати

Состојки

  • 500 гр јунешко или свинско мелено месо
  • Сол мешан сув зачин
  • Масло за пржење на ќофтињата
  • 4-6 кромид
  • 2 конзерви пелати
  • 2 лажици свинска маст
  • Зачини, чили, бибер, сол, магдонос и оригано

Подготовка

Мирисен и вкусен, пикантен ручек, вистинска гозба за хронери, се разбира со додаток салата.
Подготовка
Меленото месо го зачинуваме по вкус и правиме мали топчиња од него. Ги пржиме во тава на загреано масло/маст.
Кромидот го сечкаме и го упржуваме на маст до застаклување. Ги додаваме пелатите исечкани на парчиња. Вариме/упржување да испари малку течноста, а ги додаваме и зачините по вкус и желба. При крај на варењето ги додаваме пржените ќофтиња. Уживајте во пркрасниов хроно ручек!

Забелешка
Во хроно исхраната додавате мешан сув зачин кој е дозволен, а можете и сами да си го направите.