24
авг
2015
Ќофтенца во сос
Месото измесете го заедно со ренданиот кромид, додајте го оризот, зачинете.
Направете мали ќофтенца.
На малку масло, ставете ги ќофтенцата малку да се запржат и додајте го сокот од доматите. Нека повари некоја минута и додајте го виното. Во мало чаше, во малку вино растворете го нишестето и турете го во тенџерето. Зачинете по ваш вкус.
Нека вари дваесетина минути додека се згусти. На крајот ставете сечкан магдонос.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови