19
ное
2012
Њоки со спанаќ и горгонзола сирење
Спанаќот обарете го во вода, исцедете го и исецкајте го.
Во тава ставете го путерот, млекото, павлаката, сирењето и оставете ги на тивок оган додека се стопи сирењето.
Во меѓувреме сварете ги њоките во посолена вода 2-3 мин или колку што пишува на паковањето.
Во сосот од сирење додадете го спанаќот и њоките и се заедно измешајте.
Послужете ги топли со пармезан.
Ова брзо и вкусно јадење може да биде послужено како топло предјадење или самостоен оброк со чаша јогурт.
Лиценца: Сите права се задржани