Исчистените црева и чкембе исечете ги на мали парчиња и ставете ги со малку вода да провријат.
Истурете ја водата и налејте друга вода. Оставете ги да се варат.
Откако ќе бидат скоро варени додајте го ренданиот морков, фидето и коцката за супа.
Оставете да се свари фидето.
Во тава ставете масло да се загрее, додајте го сецканиот кромид и пржете додека кромидот омекне.
Потоа додајте го брашното и мешајте додека брашното се запржи. Тргнете ја тавата од оган и додајте го црвениот пипер.
Промешајте и запршката додајте ја во тенџерето.
Додајте го и сецканиот магдонос, по потреба мешан сув зачин и црн бибер. Оставете уште малу да проврие и сервирајте.

Оваа чорба кај нас ја викаат и кисела чорба, бидејки се служи со киселина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани