Јарешка чкембе чорба
Состојки
- 150гр. исчистено чкембе (од младо јаре)
- 250гр. исчистени јарешки црева
- 1 поголем морков
- 1,5 рака фиде
- 1 коцка за супа (зеленчукова)
- 1 рака сецкан магдонос
- по потреба мешан сув зачин. црн бибер
- Запршка
- 1 главица кромид
- на врв на лажица брашно
- 1 лажичка црвен пипер
- по потреба масло
Подготовка
Исчистените црева и чкембе исечете ги на мали парчиња и ставете ги со малку вода да провријат.
Истурете ја водата и налејте друга вода. Оставете ги да се варат.
Откако ќе бидат скоро варени додајте го ренданиот морков, фидето и коцката за супа.
Оставете да се свари фидето.
Во тава ставете масло да се загрее, додајте го сецканиот кромид и пржете додека кромидот омекне.
Потоа додајте го брашното и мешајте додека брашното се запржи. Тргнете ја тавата од оган и додајте го црвениот пипер.
Промешајте и запршката додајте ја во тенџерето.
Додајте го и сецканиот магдонос, по потреба мешан сув зачин и црн бибер. Оставете уште малу да проврие и сервирајте.
Оваа чорба кај нас ја викаат и кисела чорба, бидејки се служи со киселина.