Припрема
Не мора да користите миксер, ова може да се сработи и со жица за матење.
- Одделете ги жолчките од белките.
- Путерот и крем сирењето се мешаат заедно со затопленото млеко. Треба да добете една хомогена смеса, по што ќе ги додадете двата вида на брашно, ванилата, сокот од лимонот. Разбркајте добро за да нема грутчиња, а ако не можете тоа да го избегнете, тогаш низ цедалка прецедете ја добиената смеса.
- Белките со миксер изматете ги заедно со солта и шеќерот до цврст снег. Додадете ги во смесата од жолчката, но не истурајте ги одеднаш, додавајте по 1/3 од снегот и внимателно убаво измешајте.
За да биде повисок овој кејк потребно е да оваа смеса ја излиете во модла број 18, а кај мене е во бр.24 и затоа е така ниска.
Малку е позахтево сега ова, но ќе се потрудите. Еве како да ја спремате модлата - Премачкајте ја по дното и од страните со путер. Од надворешната страна завиткајте ја модлата во неколку листови алуминиумска фолија, а внатре постелете го дното со хартија за печење. Исечете од истата хартија за да направите страници кои мора да бидат повисоки уште еднаш колку што е висока модлата - значи да се добие дупла висина, поставете ги од внатрешната страна на модлата.
- Истурете ја добиената смеса во модлата, неколку пати подигнете и од помала висина пуштете ја на масата како би меурчињата кои се во самата смеса испливаат нагоре да не се во внатрешноста на смесата.
- Ако е потребно врзете со конец алуминиумската фолија.
- Рерната претходно треба да ви биде загреана на 150 степена и внатре ќе ставите тавче со вода, па модлата ставете ја во тавчето. Значи сфативте, се пече како на водена пареа и тоа околу 1 час, а откако ќе го проверите со чепкалка колачот оставете нека стои уште 30 мин. во исклучена рерна.
- Извадете и оставете најмалку 4 часа да се лади, а најдобро ако го оставите цела ноќ во фрижидер.
Сосот
200 гр. цреши искостете ги, исцедете од нив сокот и ставете со шеќерот нека се редуцира, додадете го нишестето растворено во ладна вода, потоа остатокот од црешите и варете неколку минути.
Овој колач ке го послужите прелиен со сосот.

Напомена
Јас не користам цреши за сосот туку едноставно растворам од сокот кој веќе го имам направен - додадам свежи цреши и понатаму со нишестето исто. Значи сосот не мора со мерка да го правите, тој може од око да се спрема. Можете да си направите и сос од јагоди - испасирајте ги - процедете ги и понатаму пак истото како во рецептот.
Жал ми е што немам додатни фотографии, сликав но сите не успешни само заради тоа што навечер го правев и не се научив да сликам на сијалица, тоа ми е проблем голем. Се надевам дека некако јасно ќе ви биде и вака напишано.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани