Подготовка
Јајцата се матат се сипува јогуртот, пецивото, ванилата, ренданата кора од лимон капнуваме малку ракија и полека го додаваме брашното. Да спомнам дека ракијата ја сипуваме за да не впиваат многу зејтин, така мојата баба ме научи. Брашното го додаваме и полека мешаме, треба да се добие смеса по густа од палачинки, а малку по ретка од мекици.
Вака подготвени со лажица ги пуштаме во врел зејтин, пржиме и ги вадиме на кујнска хартија за да го впие вишокот на зејтин. Кога ќе се оладат се посолуваат со шеќер во прав и топена чоколада. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани