Се мешаат брашното, квасецот, шеќерот, еден прстофат сол. Кон сувите состојки се додава млакото млеко и јајцето. Се замесува тесто на кое му се додава и маргаринот.
Тестото убаво се меси додека стане мазно и се остава да одмори, да стаса.

Од како ќе стаса се дели на два дела. Се сукаат правоаголни кори кои се мачкаат со филот
чоколадата се топи во џемот и се додава цимет по желба.
Се завиткуваат два ролати кои се оставаат 20 минути да стасаат. Се премачкуваат со јајце и се ставаат околу 25 минути на 180степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови