Тесто
Во длабок сад се става брашното, солта, шеќерот, растопениот квасец, водата и 1 белка. Жолчката се трга на страна за премачкување. Се замесува тесто.
Го оставаме да нарасне.
Фил
Спанаќот го обаруваме со малку вода и го процедуваме.
Спанаќот го мешаме со павлаката и сирењето.

Тестото го сукаме во правоаголна форма со дебелина од 0,5 см. Мал дел од тестото го тргаме настрана
Го мачкаме со филот и на средината ги ставаме тврдо варените јајца.
Со преостанатото тесто правиме траки и ги ставаме преку јајцата.
Краевите ги мотаме во ролна како на сликата.
Добиената векна ја ставаме во плех обложен со хартија за печење.
Ја премачкуваме со жолчката и наросуваме сусам.
Печиме на 200степени додека не зарумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови