Шпански ориз со пржена сланина
Оризот најмногу сакам да го јадам печен, со пилешко мевце. Но, овој пат, ршив да го направам поинаку - со крцкава сланина. Малку е поинаков од обичниот, затоа што не е печен, туку варен па потоа мешан со сите состојки. Еве како го направив.
Прво, кромидот, лукчето и пиперката се пржат во тавче со малку масло, додека да омекнат. Потоа, се додаваат доматите, се меша и се додава оризот. На една шолја басмати ориз, ставив две исти шолји вода и една коцка за супа, иситнета. Зачинете со сол и бибер, покријте со капак и оставете околу 15 до 20 минути да се вари на среден оган.
Оризот, а и целото јадење е готово кога целата течност од тавчето ќе испари. Од горе се става пржена сланина, малку чери патлиџанчиња и магоднос.
Лиценца: Сите права се задржани