Испечати

Шпански ориз со пржена сланина

Шпански ориз со пржена сланина

Состојки

  • 1 шолја ориз (басмати)
  • 1 главица кромид, ситно исечкана
  • 1 чешне лук, испасирано
  • 1 зелена пиперка, исечкана на коцки
  • 1 голем домат, исечкан на коцки
  • 100 грама сланина, исечкана на парчиња и испржена

Подготовка

Оризот најмногу сакам да го јадам печен, со пилешко мевце. Но, овој пат, ршив да го направам поинаку - со крцкава сланина. Малку е поинаков од обичниот, затоа што не е печен, туку варен па потоа мешан со сите состојки. Еве како го направив.

Прво, кромидот, лукчето и пиперката се пржат во тавче со малку масло, додека да омекнат. Потоа, се додаваат доматите, се меша и се додава оризот. На една шолја басмати ориз, ставив две исти шолји вода и една коцка за супа, иситнета. Зачинете со сол и бибер, покријте со капак и оставете околу 15 до 20 минути да се вари на среден оган.
Оризот, а и целото јадење е готово кога целата течност од тавчето ќе испари. Од горе се става пржена сланина, малку чери патлиџанчиња и магоднос.