Јајцата ги кршиме делејќи ги белките од жолчките.
Ги матиме жолчките со миксер и додаваме млеко, брашно, пециво, цимет и ванила.
Белките на страна ги матиме и кога ќе добиеме цврст снег ги мешаме заедно со жолчките.
Мешаме со лажица и соединетата смеса ја пржиме на намрсено тавче во вид на палачинки.
На секое нанесување на смесата тавата ја мачкаме со масло.
Значи мачкате масло, ставате смеса, ја разлевате смесата со лажицата по цела тава, затоа што смесата е густа и дебела.
Пржените палачинки ги тргаме на страна.

Го спремаме преливот. Во касеролата ставете сок од ананасот и мешајте ја со шеќерот нека зоврие. Додадете разматен густин со 50 мл вода и мешајте да згусне.
Тргнете на страна и додајте парченца сецкан ананас од компот.
Соединете.
Смесата за полнење на палачинките е спремна.
Во оргинал рецептата стои дека палачинките не се полнат туку само се виткаат празни, а со преливот се прелеваат од горе.
На здравје нека ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови