22
апр
2013
Шпагети со суруми стапчиња
Шпагетите ставете ги да се варат во посолена зовриена вода.
Во меѓувреме исецкајте го лукот, ставете го во тава со маслиново масло и малку пропржете го колку да замириса. Потоа додадете ги сурумите исечени на парчина околу 1см, лутото пиперче, магдоносот, лимонот и кратко пропржете ги( 2-3 мин).
Додадете ги шпагетите и се заедно измешајте. Посолете и побиберете по вкус. Послужете ги топли.
Лиценца: Сите права се задржани