18
јан
2015
Шпагети со сос со димена сланина и мелено месо
Шпагети во секакви варијанти кај нас дома секогаш се омилени. Ова е еден од начините како ги подготвувам.
За сосот, најпрво испржета го ситно исечканото кромитче, ставете ја сланината (исечкана на мали коцкички) и неа малку пропржете ја. Ставете го месото, и тоа нека се испржи, па додајте го сосот од домати. Зачинете и оставете нека вари десетина минути.
За тоа време сварете ги шпагетите на стандарден начин. Одозгора нарендајте пармезан.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Вкусно до бескарај :)