19
окт
2020
Шпагети со песто Џеновезе и шери домати
Прво сирењето го сецкаме на коцки, шери доматите ги сечиме на половинки.
Во сад ги соединуваме и тука го додаваме и пестото.
Промешуваме и оставаме така да се маринираат додека ги вариме тестенините.
Во касерола налеваме вода и додаваме сол
Од кога ќе зоврие водата ги додаваме шпагетите да се варат.
Пред крај пред да бидат готови ги додаваме и нудлите.
Нив не им треба многу време за варење.
Сварени ги процедуваме и оставаме убаво да се исцедат.
Ги соединуваме со претходно подготвените состојки.
Сервираме и послужуваме веднаш.
Лиценца: Сите права се задржани