Шпагети со песто Џеновезе и шери домати
Состојки
- 250гр шпагети
- 1 кесе нудли, до кoлку сакате користете ги зачините кои се во опаковката,не е задолжително
- 2лажици песто Џеновезе( во составот содржи, италијански босилек, Пекорино, индиски ореви,пињоли и лук)
- 7-10 шери домати
- 7-10 каламата маслинки
- 120гр сирење
Подготовка
Прво сирењето го сецкаме на коцки, шери доматите ги сечиме на половинки.
Во сад ги соединуваме и тука го додаваме и пестото.
Промешуваме и оставаме така да се маринираат додека ги вариме тестенините.
Во касерола налеваме вода и додаваме сол
Од кога ќе зоврие водата ги додаваме шпагетите да се варат.
Пред крај пред да бидат готови ги додаваме и нудлите.
Нив не им треба многу време за варење.
Сварени ги процедуваме и оставаме убаво да се исцедат.
Ги соединуваме со претходно подготвените состојки.
Сервираме и послужуваме веднаш.