6
апр
2012
Шпагети болоњезе со босилек
Кромидот се сецка ситно и се пржи на зејтин додека стане стакласт. Потоа се додава меленото месо убаво да се испржи со кромидот. Се зачинува месото со сол и бибер а може и 1лажица зачин-вегета. Одкако месото ќе се испржи се налева сосот од домати, се додава ловорот и се вари околу 15мин со повремено мешање. Се додава шеќерот за да ја земе киселината од доматите и босилекот. Да проврие 2-3 минути и се трга од огин, се покирва со капак за мирисите да се спојат. Сосот трпи промена на зачините така место босилек некој може да стави и оригано.
Шпагетите се варат на воообичаен начин и се сервира по желба
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови