19
фев
2015
Шницли од риба и компири
Во тенџере во зовриена вода ги ставаме рибите да се варат. Исто ги вариме и компирите.
Кромидот го сецкаме многу ситно и го ставаме да се запрже. Го вадиме од оган и го додаваме компирот изрендан или згмечете со вилушка. Сварените риби ги чистиме, ги ситниме со раце и ги додаваме во тенџерето. Додадете го и јајцето и брашното. Посолете, ставете зачин и бибер. Промешајте смесата да се соедини.
Со раце ги формираме шницлите, ги набрашнуваме и пржиме во поголема количина загреано масло.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови