Ова е ручек кој мајка ми го правеше години наназад и сеуште го прави, понекогаш со по некоја мала варијација на состојки (оригиналниот шишќебап е малку поинаков, но ова јадење од секогаш го нарекуваме вака кај нас). Фант мешавината многу ја олеснува подготовката и го подобрува вкусот на големиот ќебап, бидејќи содржи поголем дел од состојките кои инаку треба да се стават. Брз, вкусен и лесен ручек. Јас го правам на следниот начин:

1. Кромидот и пиперката се сечкаат ситно, морковот се ренда на јадрата страна на рендето.

2. Содржината од Фант вреќичката се прелива со 70 мл. млака вода, се меша и се остава да стои неколку минути.

3. Во сад се става меленото месо, му се додава исечканиот зеленчук, маслото, чубрицата, магдоносот и на крај отстоената Фант смеса. Сето убаво се измесува со рака, се формира голем ќебап кој се става на средината во намрсен плех или тава каде ќе се пече.

4. Компирите и морковите се мијат, се лупат и сечкаат, се редат од двете страни на шишќебапот, се посолуваат со мешан сув зачин, се попрскуваат со масло, и се мешаат со лажица. За да не се залепат месото и компирите во плехчето се тура малку вода и се става во загреана рерна на 200 степени.

5. По околу половина час ќебапот внимателно се превртува од другата страна, ако нема се дотура малку вода. Штом ќе се потпече горниот дел од месото, ќебапот повторно се превртува на првобитната страна, и се пече уште малку додека месото убаво да порумени, а компирите бидат испечени.

Забелешка
Поради свинското месо ќебапот кога ќе се испече ќе биде малку помал.
Шишќебапот може да се прави и само со телешко мелено месо.
По желба во месото може да се стават омилените зачини, или луто.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани