
Швајцарски коцки (без печење)
 - Во сад над пареа ставете ги јајцата и шеќерот постојано матејки да се варат. Кога ќе се згусти и проврие малку, додадете го маргаринот и чоколадата. Нека почне лесно да се топи, тргнете од огнот и продолжете да бркате се додека не се стопат маргаринот и чоколадата и не добиете убава хомогена смеса. Веднаш ќе ги додадете и мелените ореви и бисквити. 
Разбркајте и излијте во помала модла. 
Нека олади и залијте со глазурата која ќе ја приготвите така што павлаката загрејте ја без да врие и додадете го на ситно искршено чоколадото. Тргнете од огнот, бркајте да се спојат - залијте. Нека олади, сечете и декорирајте со јатка орев или пак како сакате вие.
 Многу лесно се спрема плус не се пече - нели најповеке сакаме такво нешто да не печеме, а истовремено пак и да е непцето задоволно. Уживајте,
 Напомена
 - Ако по ваша оцена мислите дека е доста меко - додадете орев или бискоти. Вака како што сум напишала на мене ми е одлично.
 - Глазурата наместо со павлака можете да ја сприготвите така што ставете во садче искршено чоколадото, додадете 1 лажица масло, ставете над пареа да се стопи, па залијте.
 - Најубава висина на овој лесен колач е да биде модлата со димензии 24х18, но јас немав и ставив во малку поголема и еве потенки испаднаа, а треба да се повисоки и се сечат на потесни парчиња.
Лиценца: Сите права се задржани





















